Утрински Весник
Македонија

Ова веќе не се толерира – вели Гутереш за нападите врз новинарот Фуркан Салиу

430295141 3773506392877391 2317274096588491549 N.jpg
Ss2

Генералниот секретар на Европската федерација на новинари (ЕФЈ), Рикардо Гутереш, се огласи со остра реакција во врска со арбитрарното приведување и континуираните напади со кои се соочува новинарот Фуркан Салиу.

„Ова веќе не се толерира! Исклучително сум загрижен поради континуираните напади врз независниот новинар и основач на Порталикс, Фуркан Салиу, во Северна Македонија“, вели Гутереш во реакцијата објавена доцна синоќа на социјалната мрежа Фејсбук.

Ss1

Гутереш посочува дека новинарот Салиу бил арбитрарно уапсен пред неколку дена откако се обидел да документира полициско насилство при фудбалски натпревар, и дека за време на неговото задржување, „пропагандистички медиуми и профили на социјалните мрежи брзо се обидоа, но не успеаја, да создадат лажни наративи за причините за неговото приведување, вклучително и неосновани обвинувања дека тој нападнал полицајци. Дополнително, некои владини министри, исто така, се обидоа да го оцрнат угледот на Салиу“, пишува Гутереш.

Гутереш укажа на известувањата дека против Салиу е составена кривична пријава, што може да доведе до претреси и заплени во неговиот стан и канцеларија.

„Го повикувам министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, да се погрижи скрупулозно во случаите што вклучуваат новинари да се постапува во целосна согласност со европските правни стандарди, и дека која било истрага што вклучува новинари ја зема предвид потребата да се почитува независноста на медиумите, нивната улога во општеството и, особено, заштитата на новинарските извори“, се вели во реакцијата на првиот човек на ЕФЈ.

Според Гутереш, снимањето на полициското насилство и информирањето на јавноста за тоа не е криминал. „Тие што треба да се гонат се сторителите на ова насилство, а не новинарите кои известуваат за тоа, во интерес на јавноста“, истакнува првиот човек на Европската федерација на новинари.

Тој посочи дека Фуркан Салиу ја има целосната поддршка од ЕФЈ, и дека заедно со ЗНМ, ССНМ и меѓународните невладини организации за слобода на печатот, ќе го следат внимателно неговиот случај.

„Нема да пропуштиме да осудиме какви било погрешни чекори на властите на Платформата на Советот на Европа за промовирање на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите и на платформата Мапирање слобода на медиумите. Фуркан Салиу само ја вршеше својата должност. Властите треба да му се заблагодарат наместо да го малтретираат. “, порача Гутереш.

Ss1

Можете да прочитате

РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците

Барометар на корупција на Транспаренси Интернешнл-Македонија – „Бистро-Матно“

Мицкоски: Правилото победник со победник е прекршено во 2017 година и тоа не важи, оној кој има 61 пратеник во парламентот ја формира идната влада