Утрински Весник
Македонија

Ова лето многу слично со летото од 2007 година кога е измерена рекодно висока температура во Македонија

Img 0507.jpeg

Метео анализа на Славчо Попоски

Почитувани мои, ова лето е многу слично со летото од 2007 година кога имавме навистина екстремно високи температури на воздухот, а воедно на 24 јули во 2007 година е измерена  и највисоката температура во Македонија, односно е постигнат температурен рекорд во Македонија, па така во Демир Капија е измерена температура од 45.7 степени.

Многу слично лето имаме  и оваа година, па така во следните денови температурите на воздухот ќе бидат уште повисоки. Тие насекаде во Македонија ќе се искачуваат до околу, па  и над 35 степени. Во Најтоплите централни и југоисточни предели температурата и тоа особено за време на викендот ќе се искачи и до околу 43 степени.

Во Скопската котлина во следните денови температурата ќе се искачи до околу 40 степени, но повремено таа ќе надминува  и 40 степени.

Барем според моменталните прогностички материјали со кој располагам, уште потопло ќе биде во текот на следната седмица кога во најтоплите предели од државава температурата би можела да се искачи до 45 степени. Секако со ова  и понатаму ќе имаме екстремно висок Ув индекс со вредност 9.

Апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.

Можете да прочитате

Средба на Перински со Туркменоглу, Шеф на Канцеларијата на ЕБОР во Скопје

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСM

Приведен гостиварец поради кражба на велосипед