Утрински Весник
Скопје

Огнен Костовски именуван за директор на дигестивна, Мемеди на Клиниката за детски болести, Зафировски на пулмологија

Doktori1 1.jpg

Министерот за здравство Арбен Таравари во изминатите неколку дена именувал неколку нови в.д. медицински директори, соопшти Министерството за здравство.

-На Универзитетска клиника за дигестивна хирургија за директор е именуван проф. д-р Огнен Костовски, на Клиниката за пулмологија и алергологија за директор е именуван прим. д-р Оливер Зафировски, додека на Клиниката за детски болести за директор е именуван д-р Реџеп Мемеди, стои во соопштението.

Оттаму додаваат дека во Градска општа болница „8 Септември“ за директор е именуван проф. д-р Синиша Стојаноски.

Можете да прочитате

(Видео) ГТЦ пропаѓа, дуќани се изнајмуваат и за нула денари

Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Аеродром и Меѓународниот балкански универзитет

Во тек е акција за отплата на долгови без пресметка на камата до 31 Јули, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје