Утрински Весник
Балкан

Ова е човекот кој за влакно ја избегна смртта во Нови Сад

Novi Sad Nesrekja1.jpg

Набргу по несреќата во Нови Сад се појави снимка од трагичниот настан, а на неа многу луѓе забележаа маж кој станал од клупата и се оддалечил само неколку секунди пред несреќата.

Станува збор за Арсен Којиќ (75) од Каќ, кум на поранешниот српски кошаркар Милан Гуровиќ.

„Ова е Арсен Којиќ, таткото на мојот кум кој ме венчаше, од Каќ. Го чекал автобусот и кога видел дека доаѓа, станал од клупата. Потоа сè пропаднало. Да задоцнел автобусот неколку секунди, немаше да биде жив… Беше на неколку секунди од смртта. Неверојатно, сè уште не можам да верувам што се случи. Во шок сум“, изјавил Гуровиќ за српски „Sportal“.

Како што додал Гуровиќ, Арсен вчера седел со синот во кафуле недалеку од Железничката станица. Некаде околу 11:30 часот завршиле со пиењето кафе, се поздравил со синот и се упатил кон станицата. Синот сакал да го однесе, но Арсен одбил …

„Стариот кум не сакаше синот да го вози, сакаше да оди пешки. Дошол на станицата и седнал на клупа под настрешницата… Помина без повреди, но е во шок“, изјавил поранешниот кошаркар.

Можете да прочитате

Адвокатите во Србија ја прекинаа работата

Проевропските партии во Романија ветија заедничка програма и кандидат за претседател

Бугарија може да го запре транзитот на рускиот гас кон Србија