Утрински Весник
Македонија

Отворена истрага за обид за убиство во Желино

Osnovnoto Avno Obvinitelstvo Skop E.jpg

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик и до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот 36-годишник.

На 30 август во селото Стримница, пред угостителски објект на патот кон Желино, осомничениот се обидел да лиши од живот едно лице, така што го прободел со нож оштетениот, нанесувајќи му тешка телесна повреда – убодна рана во градниот кош. Присутни лица веднаш го однеле оштетениот во тетовската болница, од каде како итен случај бил препратен на Клиничкиот центар во Скопје.

На настанот претходела вербална расправија во дворот на џамијата по петочната молитва. Сега осомничениот за обид за убиство и неговиот татко го забележале нивниот соселанец кој имал  расправија со градоначалникот на Желино. Бидејќи знаеле дека нивниот сосед е агресивен, се доближиле да го смират за да не настане поголем проблем. Но, тој не се смирувал и физички ги нападнал, удирајќи го таткото на сега осомничениот во главата.

Присутни лица ги раздвоиле, но подоцна пред угостителскиот објект се случил кривично правниот настан во кој сега осомничениот го прободел со нож соседот кој претходно се расправал во дворот на џамијата со градоначалникот и со нив.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на ОЈО Тетово и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор