Утрински Весник
Македонија

Отворање на „Годишната изложба“ на ДЛУМ вечерва во Мала станица

20241112200545 Big 730x400 41.webp.webp

Во Националната галерија, објект Мала станица, вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи отварањето на „Годишната изложба“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

Како што соопштуваат од ДЛУМ, изложбата претставува пресек на современата ликовна продукција на најголемиот број членови на ДЛУМ.

– Изложбата е хетерогена и обединувачка, прикажувајќи различни ликовни дела. Нејзиното значење е големо во ликовно-историски контекст, бидејќи овозможува директен преглед и разбирање на тековните интереси и активности на членовите на ДЛУМ, стои во соопштението од ДЛУМ.

Дополнуваат дека изложбата е неселективна, со цел да ги прикаже актуелните ликовни стилови и техники, и да им овозможи на сите учесници јасно согледување на своето место во ликовниот простор на Македонија во изминатата година.

Можете да прочитате

Првиот министер за правда Туше Гошев: Со мудра политика дојдовме до независност без човечки жртви

Книга стара 460 години се чува во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Не се гласаше само во Македонија: Како дијаспората учествуваше во историскиот референдум во 1991 година