Утрински Весник
Магазин

Отуѓената сопруга на Кевин Костнер ја извади бурмата откако поднесе барање за развод

Отуѓената сопруга на Кевин Костнер ја извади бурмата откако поднесе барање за развод

Отуѓената сопруга на Кевин Костнер, Кристин Баумгартнер, веќе не го носи својот венчален прстен откако поднесе барање за развод претходно оваа недела.

dobivaj vesti na viber

Според „Пејџ сикс“, на фотографиите што ги објавија неколку таблоиди, 49-годишната дизајнерка навидум укажува дека повеќе не сака да го носи симболичното парче накит што Костнер (68) ѝ го подарил кога се венчале во 2004 година.

Баумгартнер, лежерно облечена во тексас јакна, тен џемпер и бели панталони, беше забележана во Лос Анџелес како излегува од автомобилот за дневна прошетка.

Според „ТМЗ“, таа поднела барање за прекин на 18-годишниот брак со Костнер во понеделникот, а како причина навела  непомирливи разлики.

Во своето барање, Кристин побара заедничко старателство над нивните три деца: Кејден (15), Хејс (14) и Грејс (12).

Двојката беше во брак 18 години.

Можете да прочитате

Причини поради кои се зголемува шеќерот во крвта во летниот период

Кога е време да се фрли тавата

Дали путерот и сирењето го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања