Утрински Весник
Скопје

Отстранети 75 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Чаир, Бутел, Центар и Ѓорче Петров

Viber Image 2025 03 15 17 28 42 656.jpg

Во текот на вчерашното деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија приближно 75 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Бутел, Центар и Ѓорче Петров.

Во општината Чаир е интервенирано на улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“ каде што се подигнати близу 20 кубни метри непрописно одложен кабаст и мешан комунален отпад. Посочената локација претставува таканаречена „црна точка“ каде што веќе подолг период континуирано се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини. Во оваа скопска општина беа отстранети и 10 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на улицата Славеј Планина, во близина на скопското Теќе.


На улицата Ферид Бајрам во скопската општина Бутел се подигнати 10 кубни метри непрописно одложен кабаст и отпад од картонски пакувања.

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше активности за подигнување отпад од диви депонии и во општината Центар, каде што е интервенирано на улицата Васил Ѓорѓов и на булеварот Илинден, во близина на Зоолошката градина и Тениското игралиште, при што се расчистени 15 кубни метри кабаст, градежен и отпад од картонски пакувања одложен на сообраќајни и  тревни површини.

Во скопската општина Ѓорче Петров беа подигнати вкупно 20 кубни метри непрописно одложен кабаст отпад на главната улица и на улицата Борис Сарафов.

Можете да прочитате

Герасимовски: Велигден е потсетник дека само заедно можеме да изградиме праведно и солидарно општество

Утре и во понеделник нема да се плаќа паркирање на ЈП „Градски паркинг“ – исклучок се неколку места

Без струја денес делови од една скопска населба