Утрински Весник
Македонија

Откриени случаи кога училиштето не пријавило булинг, Шаќири охрабрува родители, деца или трети страни да пријавуваат

Откриени случаи кога училиштето не пријавило булинг, Шаќири охрабрува родители, деца или трети страни да пријавуваат
Ss2

Засилените активности против булинг и насилство во училиштата, по масакрите во Србија, веќе даваат резултати. Министерот за образование Јетон Шаќири денес ги охрабри родителите, децата или некоја трета страна да пријавуваат вакви случаи оти и Министерството и останатите институции постапуваат по секоја пријава. Одговарајќи на новинарско прашање тој кажа дека откриле и 2-3 случаи во кои училиштето не пријавило булинг оти така проценило иако ученици се пожлиле.

dobivaj vesti na viber

„Има и такви случаи, не можеме да кажеме дека нема. Има случаи во кои е пријавено дека 2-3 пати од страна на училиштето не е проценето дека треба да се пријават. За сите пријави, без разлика какви се, има посебен сектор во МОН со повеќе од петмина членови кои ги повикуваат службите во училиштата. За да ја потврдиме ситуацијата никогаш не кажуваме податоци кој го пријавил случајот, дали трета страна, дали родител. По доаѓање на службите, од сите училишта се бара што имаат постапено законски, дали е пријавен случајот, дали се известени родителите и по тие записници ние постапуваме. Значи, за секој случај министерството веднаш постапува, но не само министерството туку и другите институции. Постапува Министерството за труд и социјална политика, но и Министерството за внатрешни работи. Веднаш стапуваат во контакт со родителите и со детето“, рече министерот Шаќири.

Ss1

Тој денес присуствува на дебата „Насилството кај децата“ на Филозофскиот факултет на која се поканети ученици за да ја отсликаат состојбата во училиштата. Нивните искуства ќе бидат искористени за подготовка на нови правилници и прирачници по кои ќе постапуваат учениците, наставниците но  родителите од следната учебна година за да се намалат врсничкиот булинг и насилството.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Дигитализацијата останува еден од врвните приоритети СДСМ, ги исполнуваме очекувањата на ИКТ индустријата

По изборите, ќе има внатрепартиски избори, најави Ковачевски

Петровска: Делата зборуваат погласно од зборовите, го зголемуваме бројот на транспортните возила на Армијата