Утрински Весник
Балкан

Осум загинати откако автобус се запалил во Турција

Turcija.webp.webp

Осум лица загинаа, меѓу кои и едно мало дете, кога автобус во западна Турција се лизнал од патот и се запалил утрово, објавија локалните медиуми.

Автобус во сопственост на туристичката агенција Памуккале удрил во ограда на автопатот во покраината Денизли во 1:40 часот по локално време додека патувал од Измир кон Анталија, јавува агенцијата Демирорен.


Во моментот на несреќата, во возилото имало 38 лица, а меѓу загинатите се 50-годишен возач и татко на деветмесечно момче.

Се претпоставува дека причина за несреќата е големиот интензитет на сообраќајот поради завршувањето на верскиот празник Курбан Бајрам.

Можете да прочитате

Дејан Бодирога кандидат за пратеник на студентската листа

Амбасадата на САД во Приштина: Во среда се очекуваат големи протести во Косово

Ситуацијата со пожарот на Брач е подобра од претходно, должината на пожарот е речиси 40 километри