Утрински Весник
Спорт

Остро соопштение од Барселона: Ова е напад на каталонска институција

Остро соопштение од Барселона: Ова е напад на каталонска институција

Фудбалскиот клуб Барселона реагираше со соопштение по одлуката на челниците на Севилја да не присуствуваат на натпреварот помеѓу двата тима одигран во петокот вечерта.

dobivaj vesti na viber

Никој од челниците на Севилја не се појави во ложата покрај раководните луѓе на каталонскиот клуб, како што налага традицијата. Во Барселона ова го сфатија како навреда за клубот.

Причина за ваквиот потег на гостите е „случајот Негреира“ кој го тресе каталонскиот клуб, поради што е под истрага. Затоа Севилја не сакаше да седне во друштво на лидерот на клубот кој е обвинет за поткуп на судии.

Кога ќе дојде време ќе бидат сослушани Хозе Марија Бартомеу и Сандро Росел, поранешните претседатели на Барселона, а сега најтешко поради сериозните обвинувања му е актуелниот прв човек на клубот Жоан Лапорта.

За потсетување, Барселона е осомничена дека уплатила пари на сметката на поранешниот висок член на Судиската комисија, споменатиот Негреира и со тоа влијаела врз делегирањето на судиите и арбитражата во нејзина корист на натпреварите.

Негреира, наводно, добил речиси 7.000.000 евра во текот на годините од Барселона.

Сега, откако истрагата е официјално покрената, Севилја не сакаше да биде на мечот со членовите на управата на Барса, а за тоа ја информираа јавноста пред натпреварот.

По натпреварот со соопштение се огласи Барселона. Реакцијата е остра и недвосмислена.

„ФК Барселона сака јавно да каже дека го отфрла неоправданиот и непримерен напад на Севилја, клубот кој денеска одби да седне на ручек на директорите пред натпреварот меѓу двата тима на стадионот „Монжуик“, исто така, одбија да се појават и во свечената ложа. Покрај овој презир, клубот од Андалузија испрати јавно соопштение во кое покажува „огорченост и отфрлање на практиката на поранешните челници на ФК Барселона обвинети за „случајот Негреира“ и го најави нивното отсуство. Барселона разбира дека ова е напад на каталонската институција и неприфатлив прекршок. Таканаречениот „случај Негреира“ „не може да се користи како изговор за такви дејствија бидејќи судската постапка е во предвремена истражна фаза и позиционирањето на ФК Севилја јасно ги прејудицира фактите кои во ниту еден случај, во ниту една нивна прелиминарна и хипотетичка класификација, не се акредитирани“, се вели меѓу другото во соопштението на Барселона.

Барселона со оваа објава јасно им стави до знаење на Андалузијците дека ја прекинува секоја форма на соработка со тој клуб.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига