Утрински Весник
Свет

Оставила порака на гробот на родителите на Путин, ѝ се закануваат пет години затвор

Оставила порака на гробот на родителите на Путин, ѝ се закануваат пет години затвор

Ирина Цинбанева (60) наводно оставила порака на гробот на родителите на рускиот претседател Владимир Путин, во која посакала тој да умре, пренесе „Скај њуз“.

dobivaj vesti na viber

Цинбанева беше уапсена во понеделникот во својот дом во Санкт Петербург и таа е обвинета за „сквернавење на телата на мртвите и нивните гробови“, пишува „Москва тајмс“.
Точната содржина на пораката оставена на гробот на Марија Путина и Владимир Путин Постариот не е позната, но пораката наводно била оставена на нивниот гроб ден пред 70-тиот роденден на рускиот претседател

„Таа оставила порака со навредлив натпис упатена до претседателот на Руската Федерација, со што го сквернави гробното место“, стои во соопштението на судската служба на Санкт Петербург.

Цинбанева ќе биде задржана во полиција до петок, а доколку биде прогласена за виновна, може да се соочи со затворска казна до 5 години.

 

Можете да прочитате

Амбасадата на САД во Ерусалим не е во можност да ги евакуира Американците од Израел

Најмалку 14 лица убиени во руски напад врз Киев

Како се споредуваат Израел и Иран во воена сила?