Утрински Весник
Свет

Основачoт на Tелеграм: Наскоро ќе достигнеме милијарда активни корисници

O 1919096 1024.jpg
300x250 (7)

Апликацијата за допишување Телеграм би требало да надмине милијарда активни корисници во рок од една година, изјави нејзиниот основач Павел Дуров.

Дуров е роден во Русија, а Телеграм е со седиште во Дубаи. Тој ја напушти родната земја во 2014 година, откако одби да ги исполни барањата за затворање на опозициските канали на социјалната мрежа ВК, која сепак ја продаде.

Img 5587

„Веројатно ќе надминеме една милијарда месечни активни корисници во рок од една година“, изјави Дуров, кој целосно го поседува Телеграм, на американскиот новинар Такер Карлсон.

„Телеграмата се шири како шумски пожар“, додаде Дуров во интервјуто објавено на Твитер.

Форбс го проценува богатството на Дуров на околу 15 милијарди долари, а сопственикот на Телеграм рече дека „некои влади се обиделе да извршат притисок врз него“, но дека апликацијата, која сега има околу 900 милиони активни корисници, „треба да остане неутрална, а не да биде геополитички играч “.

Телеграма има најголемо влијание во земјите кои припаѓале на поранешниот СССР, а особено е популарен од почетокот на конфликтот во Украина.

Ss1

Можете да прочитате

ОН: Отстранувањето на експлозивните направи во Газа ќе трае 14 години

Генералштаб на Украина: Русите интензивно напаѓаат во правец кон Бахмут и Авдеево

Со возило удрил во куќа, па почнал да напаѓа луѓе со меч во Лондон, има повредени