Утрински Весник
Балкан

Осмооделенец со нож рани соученичка во ОУ во Суботица

Srpskapolicija.webp.webp

Ученик од осмо одделение во Суботица за време на попладневна настава со нож повредил ученичка од истото одделение, јавија српските медиуми повикувајќи се на полицијата. Повредите на девојчето се санирани во болница и нејзиниот живот не е во животна опасност.

Според првичните информации, ученик од основното училиште „Сечењи Иштван“ во Суботица со нож  и нанел повреди на соученичката на рацете и нозете.

Брзата помош ја пренела повредената ученичка во болница во Суботица каде и биле санирани повредите. Малолетникот, ученик во осмо одделение, е приведен и ќе биде изведен пред судијата за малолетници на Вишиот суд во Суботица.




Можете да прочитате

Драма на небото над Србија: Воени ловци пресретнале патнички авион по дојава за бомба

Анталија во центарот на глобалниот дијалог за климатските промени како домаќин на COP31

Почна одбројувањето за новата власт во Србија: 30 дена за Собрание, потоа 90 за влада