Утрински Весник
Македонија

Османи за соработката на ОБСЕ со Азиските партнери: Заедничките безбедносни предизвици бараат заеднички одговор

Османи за соработката на ОБСЕ со Азиските партнери: Заедничките безбедносни предизвици бараат заеднички одговор

Европа и Азија се соочуваат со заеднички безбедносни предизвици. Војната на Русија против Украина има негативен ефект врз глобалните текови и затоа од големо значење е придонесот на нашите Азиски партнери за безбедноста во регионот на ОБСЕ.

dobivaj vesti na viber

Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи во неговото видео обраќање на Конференцијата „Европа и Азија: Решавање на заедничките предизвици во непредвидливата глобална безбедносна средина преку мултилатерална соработка“, организирана од ОБСЕ во Виена.

„Постои блиската и нераскинлива меѓусебна поврзаност помеѓу безбедноста во регионот на ОБСЕ и безбедноста на неговите соседи. Всушност, во нашиот глобален свет, сè повеќе предизвици се заеднички. Со заедничките предизвици, сепак, доаѓаат и заеднички можности. Затоа е од клучно значење за нас да работиме заедно, да учиме едни од други и на крајот да го заживееме мултилатерализмот“, рече Османи.

Како клучен елемент на работата на ОБСЕ и на Претседавањето на Северна Македонија со Организацијата, рече Османи, е унапредување на безбедноста на луѓето што е предуслов за нивната благосостојба. Таа може да се постигне преку:

„Зајакнување на дијалогот, споделување на заложби, размена на експертиза, заедничко идентификување на области од заеднички интерес и генерирање на идеи за заедничко справување со безбедносните предизвици – сето тоа се начини на кои Европа и Азија можат да ги зајакнат своите врски и нивната безбедност“, истакна тој.

Османи ги повтори клучните приоритети на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, безбедноста, со посебен акцент на сајбер безбедноста, климатските промени, човековите права, демократијата и владеењето на правото. Сите овие области се соочуваат со предизвици што директно влијаат и на безбедноста, поради што соработката во ова време е суштинска за справување со нив.

„Од ефективната соработка во справувањето со предизвиците од безбедносните закани помеѓу ОБСЕ и нашите Азиски партнери придобивки може да има целиот регион на ОБСЕ“, рече Османи.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер