Утрински Весник
Свет

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа во Чешка: околу 50 повредени и еден загинат во судар на два автобуси

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа во Чешка: околу 50 повредени и еден загинат во судар на два автобуси

Два автобуса се судрија денеска на чешкиот автопат на југоистокот од земјата, при што најмалку едно лице загина, а околу 50 се повредени, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Според првичните информации од местото на настанот, загинал еден од возачите на автобусот, пренесе АП.

Регионалната спасувачка служба соопшти дека несреќата се случила во близина на вториот по големина чешки град Брно, на автопатот Д2.

Некои од тешко повредените лица се пренесени со хеликоптери во блиските болници, се наведува во соопштението.

Полицијата додаде дека автопатот што ја поврзува Чешка со главниот град на Словачка, Братислава мора да биде затворен во двата правци.

На автопатот се формираа долги колони возила.

Можете да прочитате

Најмалку 2.869 луѓе досега убиени во израелските напади врз Либан

Трамп: Сè уште верувам во мир со иранското раководство

Пукање во Ница, има убиени и ранети