Утрински Весник
Скопје

Османи: Меџити пет дена бега од дебата – нека го земе Мицкоски, ќе дебатирам со двајцата

Image 2025 10 10 152442043.png

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, со остар тон и денес реагираше на одбивањето на неговиот противкандидат Изет Меџити да учествува на јавна дебата, а од друга страна повторно упатува повици за соочување.

Османи како ироничен го оцени начинот на кој Меџити му вратил: „земи го Али Ахмети”, како одговор на неговото „земи го Мицкоски”.  


„Мене Али Ахмети ми е претседател, а Меџити со тоа признава дека Мицкоски го смета за свој претседател”, изјави Османи.

Според Османи, дебатата е најважната институција во една изборна кампања.

„Јас реков и вчера, пет дена ја менував агендата, ги откажував средбите во очекување на таа дебата”, изјави Османи, потенцирајќи дека со тоа Меџити покажува страв и неподготвеност да одговори на суштински прашања за Чаир и за сопствените политики.

Тој додаде дека е подготвен за соочување со секого, во секое време и на секое место.

„Нека го земе и Мицкоски и нека изберат место и време, и јас ќе дебатирам со двајцата”, рече Османи, нагласувајќи дека на 19 октомври ќе се случи вистинското соочување кога граѓаните ќе одлучат каква држава сакаат, каква позиција сакаат во неа и каков Чаир сакаат.

Можете да прочитате

Две угинати кучиња во Кисела Вода, сомнеж за намерно труење

Традиционален планинарски марш на Водно за Денот на европското знаме

Утре, традиционален планинарски марш на Водно