Утрински Весник
Македонија

Османи итно разговараше со Бајрамов и Мирзојан: Преку конструктивен дијалог да се стабилизира состојбата околу Лачин коридорот

Османи итно разговараше со Бајрамов и Мирзојан: Преку конструктивен дијалог да се стабилизира состојбата околу Лачин коридорот

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, денес, непосредно при неговото пристигнување во Астана, која е дел од неговата централно азиска турнеја, поради сензитивноста што се случува во Лачин Коридорот и потребата за итно реагирање, оствари два одделни телефонски разговори со Министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија, Џејхун Бајрамов и Арарат Мирзојан, извести МНР.

dobivaj vesti na viber

Министерот Османи ја изрази својата загриженост за состојбата околу коридорот Лачин и влијанието врз цивилното население, особено ранливите групи, вклучително жените и децата. Воедно, Османи истакна дека внимателно ја следи ситуацијата во Лачин коридорот и го повтори својот повик за конструктивен и продуктивен дијалог како авенија за одржливи решенија, за доброто на локалното население, велат од МНР.

„Претседавачот Османи истакна дека треба да преовладуваат хуманитарните аспекти и непосредните потреби на луѓето. Воедно ја потенцира потребата за користење на ОБСЕ механизмите и соодветни мерки како дел од решенијата за нормализирање на односите и градење доверба меѓу Ерменија и Азербејџан.

Претседавачот на ОБСЕ Османи, ја потврди својата подготвеност да продолжи со личниот, активен ангажман со страните и во таа насока, тој повтори дека Северна Македонија е подготвена да понуди платформа за дијалог, додавајќи ги напорите и можните решенија за одржлив мир“, се наведува во соопштението на МНР.

Можете да прочитате

За првпат државата го проби рокот за исплата од „МојДДВ“, дел од скенирачите на сметки останаа без пари

Сообраќајно недоразбирање завршило со убодна рана во Тетово

Поради обилни врнежи од дожд повторно надојде Калковска Река, сообраќајот е пренасочен