Утрински Весник
Македонија

Османи ќе оперира, Груби ќе предава на факултет

Grubi 1.webp.webp

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, ексвицепремиерката за добро владеење Славица Грковска и поранешните министри за надворешни, за локална самоуправа, информатичко општество и за животна средина – Бујар Османи, Ристо Пенов, Азир Алиу и Каја Шукова – нема да поднесат барање за апанажа, односно нема да бидат на товар на буџетот уште една година.

Дел веќе се вратиле на старите работни места, дел, пак, го оствариле правото на пензија. Од тимот на експремиерот Димитар Ковачевски досега побарале од Комисијата за избори и именувања право на апанажа ексвицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ и министерот за образование Јетон Шаќири, додека поранешниот шеф на државната каса Фатмир Бесими и ексминистерот за правда Кренар Лога уште размислуваат дали уште една година ќе бидат на државни јасли. Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши не ни одговори дали ќе бара апанажа. Се очекува Комисијата денеска да ги одобри апанажите за Маричиќ и за Шаќири, како и на членот на поранешниот состав на Антикорупциска комисија, Нури Бајрами.

Од 20 министри, колку што броеше кабинетот на Ковачевски, нема многу поранешни министри да бидат на апанажа зашто повеќето ексфункционери од СДСМ се пратеници, вклучително и експремиерот. Освен Ковачевски, пратеници се речиси сите поранешни министри од СДСМ, и тоа Оливер Спасовски, Благој Бочварски, Јованка Тренчевска, Љупчо Николовски, Фатмир Битиќи, Славјанка Петровска и ексдиректорката на УЈП Сања Лукаревска.

Груби се враќа на професорското место на Тетовскиот универзитет

Артан Груби во изјава за „Слободен печат“ вели дека нема да бара апанажа и дека се враќа на Тетовскиот универзитет.

Сопартиецот Бујар Османи изјави дека се пријавил во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

– Нема да поднесам барање за апанажа. Се пријавив на Клиниката за дигестивна хирургија, каде што ми мируваше работното место – изјави Османи.

Апанажа веќе им е одобрена на вкупно 36 поранешни пратеници,

Можете да прочитате

Полицијата потврди дека имало обид за киднапирање на 3-годишно дете во Струмица

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче и Зоран Заев се браќа по криминал

Јане Мицевски и Малиша Станковиќ се новите пратеници