Утрински Весник
Скопје

Орце Ѓорѓиевски и отец Оливер отворија нов пункт на народната кујна на хуманитарната организација „Свети Спас“

01 1536x1024 1.jpg

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го посети новоотворениот пункт на народната кујна на хуманитарната организација „Свети Спас“, лоциран во црквата Свети Георгиј во Кисела Вода.

Со поддршка од Општина Кисела Вода, ова е ново место каде социјално загрозените граѓани преку програмата на оваа хуманитарна организација ќе добиваат бесплатен оброк и поддршка. Заедно со отец Оливер, поделија 225 оброци.


– Со големо задоволство сакаме да ја истакнеме нашата успешна и продолжена соработка со хуманитарната организација „Свети Спас“. Како општина Кисела Вода, ние сме горди што имаме партнерство со оваа организација која активно работи на подобрување на животот на нашите сограѓани. Денес, со радост, го отвораме новиот хуманитарен пункт во рамките на нашата општина, кој ќе биде сместен во црквата „Свети Георгиј-Кисела Вода“. Овој пункт ќе биде важен ресурс за сите оние кои имаат потреба од помош и поддршка. Се надеваме дека оваа иницијатива ќе допринесе за уште поголема солидарност и соработка во нашата заедница-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевки.

Можете да прочитате

Водовод известува: Во понеделник без вода неколку скопски улици

Герасимовски: 17 тони кабаст отпад собрани во акцијата од 15 до 20 февруари

Герасимовски: Бизнис информаторот обезбедува лесен пристап до општинските услуги за компаниите и инвеститорите