Утрински Весник
Скопје

Оваа скопска општина ангажира хонорарци, ќе потроши над 130.000 за една година

пари

Два договори со вкупна сума од 8.400.000 денари или 136.000 евра склучил градоначалникот на општина Кисела Вода на почетокот на феврурари годинава, објавува порталот Градска.мк

Според информациите на страната на јавни набавки      двата договори се склучени на 09.02.2024 година, а поединечната вредност е 4.200.000 денари, времетраењето е една година или пак до исцрпување на количините. Нема појаснување ниту за какви услуги би се ангажирале лица, ниту пак на кои позиции.

Договорите на следните линкови:

Договор авторска агенција

Договор привремени вработувања

Во мај минатата година општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски склучи договор за времени вработувања во вредност од 16,5 милиони денари или речиси 250.000 евра.

Според Договорот што го потпишал Ѓорѓиевски со приватната агенција за вработување 16,5 милиони денари ќе се потрошат за привремени вработувања за потребите на општината, а времетраењето на услугата е 12 месеци.

Државниот завод за ревизија (ДЗР) во својот извештај го критикуваше управувањето со општината бидејќи само во 2021 година, преку приватни агенции за вработување ангажирани се лица со авторски договори, а ревизорите не можеле да најдат што тие правеле. Во извештајот се надведува дека општината исплатила 44.000 евра по основ на авторски договори со 23 лица за кои не биле пропишани критериуми, а кои месечно заработувале надоместоци од 12.000 до 89.000 денари.

-Дел од склучените авторски договори имаат за предмет на изработка стручен труд поврзан со работни задачи кои припаѓаат на редовно систематизирани работни места (изготвување на систематизација, план за организирање на културни манифестации, протокол за спортски манифестации, координирање на активности во урбани и месни заедници, средби со медиуми, состаноци и агенда на градоначалникот и друго), велат од ДЗР.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Не може градоначалник да биде незаменлив, највисок суверен треба да се граѓаните без отстапувања

Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Нафтата е доставена до ЈСП се очекува утре да има нормален возен ред