Утрински Весник
Свет

Поплави на југот на Норвешка, во прекин железничкиот сообраќај во Гетеборг, Шведска

745533 21168406.jpg

Силно невреме проследено со дожд ја погоди Скандинавија, предизвикувајќи поплави на југот на Норвешка, а во Гетеборг, Шведска, железничкиот сообраќај е во прекин откако во невреме денеска беше оштетена главната железничка станица, додека илјадници луѓе на западот од земјата останаа без струја.

Силно невреме го однесе покривот на главната железничка станица во Гетеборг, што предизвика прекин на железничкиот сообраќај, а нема повредени, јавуваат шведските медиуми. Околу 4.

000 луѓе останаа без струја на западниот брег на Шведска, објави шведска новинска агенција.

Можете да прочитате

Трамп ја нарече Норвешка „скапана земја“ поради одлуката да не му биде доделена Нобеловата награда за мир

Нуњез: За време на протестите во викендот во Франција, приведени се 1.435 лица, полицискиот час е се уште на сила

Авион во Франкфурт се обидел да полета во погрешна насока