Утрински Весник
Свет

Орбан: Зеленски да обезбеди никој да не загине при присилна регрутација

Viktor orban.jpg

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во моментов разговараат за тоа како да го заобиколат унгарското вето за членството на Украина во ЕУ.

– Какво губење време! Никако. Треба да разговараат за тоа како да обезбедат никој да не загине при присилна регрутација, напиша Орбан во Фејсбук група на негови поддржувачи, пренесува Хирадо.


Според него, Украина е земја во војна, но тоа, како што наведе, не ѝ дава право да прави сè. 

Можете да прочитате

Најмалку 12 Палестинци загинаа во израелски напади во Газа

Украина соборила 64 руски дронови, Русија уништила 26 украински дронови

Писториус: На САД им е потребна Европа