Утрински Весник
Свет

Орбан започнува антивоена кампања со собири низ Унгарија

20251030082050 big 730x400 19.webp.webp
Dik 300x250 mk

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави започнување на антивоена кампања, по која ќе следат мировни митинзи низ целата земја, и посочи дека смета дека таа е неопходна во светлината на воинствената политика на Европската Унија во поддршката на Украина во нејзиниот конфликт со Русија.

– Опасноста од ширење на војната е поголема сега од кога било. Европејците сакаат да започнат војна. И ние сме Европејци, но не сакаме да се бориме. Унгарците нема да се борат – рече Орбан во видео обраќање емитувано од телевизијата М1.


Тој истакна дека, заедно со застапниците на мирот, ќе организира „низа антивоени акции“ низ целата земја, од кои првата ќе се одржи на 15 ноември во Џер.

– Да му покажеме на целиот свет дека Унгарија не сака војна – рече Орбан.

Тој потсети дека на 23 октомври во Будимпешта се одржа „Маршот на мирот“ и антивоениот митинг, на кој учествуваа 80.000 лица.

– Маршот на мирот беше фантастичен успех. Многумина од нас зборуваа против војната, за мир. Ви благодарам на сите што бевте таму тогаш – рече Орбан.

Премиерот беше поддржан и од министерот за надворешни работи, Петер Сијарто, кој изјави дека дефинитивно ќе се приклучи на антивоената кампања и ќе присуствува на собирот во Џер.

Можете да прочитате

Орбан: Не знаеме дали пожарот во рафинеријата беше несреќа или напад

Кина ги повика САД на сериозно почитување на меѓународната забрана за нуклеарни тестирања

Трамп: САД и Кина заедно ќе работат за завршување на војната во Украина