Утрински Весник
Свет

Орбан: Војната ќе биде подолга и побрутална отколку што очекувавме

Orban.webp.webp

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави свикување на Советот за одбрана и изрази загриженост за можното продолжување на конфликтот во Украина.

Воените акции во последните денови укажуваат дека војната ќе биде подолга и побрутална отколку што очекувавме на почетокот на годината. Мора да бидеме подготвени војната да се одолговлекува, со сите последици за безбедноста и економијата, напиша Орбан на своите социјални мрежи.


Истакна дека моменталната ситуација покажува значителен јаз помеѓу мировните напори иницирани од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и намерите на лидерите во Брисел и Киев, кои сакаат да продолжат со воените акции во Украина.

Претходно, Орбан изјави дека Европа ризикува да се вклучи во трка во вооружување со Русија околу Украина.

Можете да прочитате

Поранешен војник ги убил своите три ќерки, го бараат со дронови и авиони

Во Мека пристигнаа повеќе од еден милион муслимански верници

Мелони и Макрон ветија „непоколеблива“ поддршка за Украина