Утрински Весник
Свет

Орбан најави вето на санкциите против руската нуклеарна енергија

Унгарија ја блокира помошта на ЕУ за Украина, Чешка ја симна од дневен ред
Ss2

Унгарија ќе стави вето на секој предлог на Европската Унија за санкции против Русија поврзани со нуклеарната енергија, изјави утринава унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за државното радио.

dobivaj vesti na viber

Украина ја повика Европската унија да ја вклучи руската државна нуклеарна компанија Росатом во листата на санкционирани руски компании. Но, Унгарија, која веќе има една нуклеарна централа од руско производство и планира да ја прошири, го блокираше тој предлог.

300x250 (7)

Како што јави Ројтерс, Орбан повторил во интервју за државното радио дека на санкциите на ЕУ за нуклеарната енергија „очигледно треба да се стави вето“. „Нема да дозволиме спроведување на планот за вклучување на нуклеарната енергија во пакетот санкции. За тоа не станува збор“, изјави Орбан.

Ss1

Можете да прочитате

Пластичниот отпад од Европа ги уништува плажите во Азија

Уапсен е уште еден осомничен за терористичкиот напад во Крокус во Москва

Глобалниот капацитет на електрани на јаглен во 2023 година на највисоко ниво на сите времиња