Утрински Весник
Свет

Орбан: Ќе ја изгубиме Србија, проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан главен приоритет на Будимпешта

1707651538 Viktor Orban.jpg

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Србија мора што поскоро да влезе во Европската унија, во спротивно Белград ќе избере соработка со други партнери, а Брисел ќе ја изгуби оваа земја.

„Мораме да ја завршиме старата задача за проширување пред да започнеме нова експанзија со Украина. Ако не ја интегрираме Србија што е можно поскоро, ќе ја изгубиме. Србија има други опции. Штотуку склучи договор за слободна трговија со Кина“, изјави Орбан за австриски Дие Пресе.

Унгарскиот премиер го нарече и проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан „главен приоритет“ на Будимпешта за време на претседавањето со Советот на Европската унија, кое започнува на 1 јули.

Министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија, Томислав Момировиќ и министерот за трговија на Народна Република Кина, Ванг Вентао, потпишаа договор за слободна трговија меѓу двете земји на 17 октомври 2023 година во Пекинг. Според српскиот претседател Александар Вучиќ, таа би можела да стапи на сила во мај или јуни оваа година.

Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Молдавија, Северна Македонија, Србија, Турција, Украина и Црна Гора имаат официјален статус на кандидати за пристап во ЕУ.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена