Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски на средба со Агелер

Image 2025 12 11 141857246.png

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ѝ беше домаќин на амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела П. Агелер, која првпат во својство на амбасадорка официјално го посети Градот. На средбата присуствуваше и делегација од Амбасадата на САД, а разговорот се одвиваше во отворена, пријателска и конструктивна атмосфера. Средбата, како што соопштија од таму, претставува значаен чекор во продлабочувањето на долгогодишното стратешко партнерство со САД, со фокус на институционалниот развој, економскиот напредок, борбата против корупцијата и создавање нови можности за граѓаните.

Во делегацијата учествуваа и Дејвид Маерс, шеф на Политичко-економскиот оддел, како и Розита Мреношки, помошник за политичко-економски прашања.

„Ова е прва посета на Град Скопје на амбасадорката Агелер откога е на својата должност.
Ја информирав за изборната програма, за динамиката на нејзината реализација и за тековните проекти што Град Скопје ги спроведува.
Разговаравме отворено за предизвиците, визиите и за стратешките приоритети за развој на градот во следните години.

Особено важно беше заедничкото согледување на потребата од бескомпромисна борба против корупцијата на сите нивоа.
Се согласивме дека само со транспарентност, отчетност и силни институции можеме да изградиме модерно и доверливо општество.
САД се наш докажан и долгогодишен стратешки партнер.

Поддршката што ја добиваме од Соединетите Американски Држави во развојот на институциите, демократијата и економијата е од огромно значење за нашиот напредок.
Уверен сум дека ова партнерство ќе се продлабочува и ќе продолжи да создава нови можности за жителите на Скопје.

Продолжуваме заеднички да градиме силни врски, стабилност и перспективи за Скопје што расте, се развива и го заслужува најдоброто“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Почнува пријавувањето за манифестацијата „Украсуваме по скопски“

Град Скопје започна со обновување на јавните површини во центарот

(ФОТО) Огромна дупка на булеварот „Киро Глигоров“ во Аеродром