Утрински Весник
Македонија

Општините треба  да го следат примерот на Крива Паланка за развој на културата, порача министерот Љутков

456711126 894418619387311 143593788475059874 N.jpg

Крива Паланка  заслужено ја носи титулата  Град на културата за 2024 година , бидејќи од она што го видов  можам да забележам дека овде се одржуваат огромен број на културни манифестации од театарската и ликовната уметност, од фолклорот и други области. Но,  она што особено ме израдува е Фестивалот на храна и занаетчиство, бидејќи Министерството за култура и туризам од следната година многу посилно ќе ги поддржува проектите од  креативните и културни индустрии”, истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков при посетата на Крива Паланка.

На  официјалната средба со градоначалникот Сашко Митовски,  министерот  беше запознаен со реализацијата на манифестацијата “Крива Паланка – Град на културата”, со тековните и планираните активности, а исто така се разговараше и за актуелните предизвици околу децентрализацијата на  културата.

„ Забележав дека се финансираат голем број проекти не само министерството, туку и од локалната самоуправа. Така, во Центарот за култура кој е  национална установа  и општината инвестира големи средства, што претставува добра симбиоза помеѓу централната и локалната власт  и што треба да го практикуваат  и другите градоначалници, а исто така е и  тенденција  во наредните години”, рече Љутков.

Министерството за култура ја финансира манифестацијата “Крива Паланка – Град на културата” со 3.милиони денари.Минатата година 800.000 денари од буџетот на министерството се инвестирани во проектна документација за реконструкција и адаптација на Центарот за култура, а планот е со буџетот на министерството за 2025 година да се издвојат повеќе средства за блок-дотации на општините за поддршка на културата.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, пак, истакна дека во рамките на манфестацијата „Град на културата” годинава ќе се реализираат над 120 настани за што се вложуваат сериозни средства од општинскиот буџет.

„Крива Паланка  навистина си го гради имиџот и според  бројот на жители и финансиски   капацитети вложува многу во културата што ја прави поразлична од останатите општини.  Оваа година од локалниот буџет издвојуваме повеќе од 12 милиони денари за програмата за култура, но и за поддршка на културни работници и културни здруженија. Во споредба со останатите општини тоа е сериозен аргумент зошто Крива Паланка ја оправдува титулата „Град на културата”. За идните планови потребна ни е поддршката од Министерството за култура и туризам,  заеднички да вложуваме, зашто овие настани имаат сериозен импакт кон јакнење на локалната економија и  тоа е дополнителен факт дека и културата е во насока на јакнењето на туризмот”, подвлече Митовски.

Министерот Љутков ги посети и НУ Центар за култура Крива Паланка и ЛУ Градски музеј Крива Паланка, како и манастирскиот комплекс „Св.Јоаким Осоговски”, каде во претстојните денови ќе се чествуваат двата големи празници, Успение на Пресвета Богородица и празникот на патронот на манастирот и на градот.  Тој им ги честиташе празниците на верниците и граѓаните и беше гостин на концертот “Македонијо во срце те носиме” што се одржа на Градскиот плоштад во Крива Паланка.

Можете да прочитате

Со изложбата „Еве го човекот” заврши второто издание на ГИГА Фест

Санкции за превозни претпријатија поради неправилности при вршење јавен превоз со автобуси

Сиљановска Давкова ги пречека победниците на 37. Охридски пливачки маратон и ги додели пехарите