Утрински Весник
Скопје

Општина Ѓорче Петров отпочнува проект за психолошка поддршка на учениците

Image 223358.jpg

Општина Ѓорче Петров и Македонската асоцијација за применета психологија – Симболикум (МАПП-Симболикум) потпишаа меморандум за соработка, кој ќе овозможи подобрување на менталната благосостојба на учениците.

Целта на проектот е создавање на систем за рано откривање на психолошките потреби на учениците, подобрување на нивната емоционална интелигенција и ментална отпорност (резилиентност), како и развој на ефективни психо-социјални интервенции.


Клучни активности кој ќе ги опфати овој проекти во Ѓорче Петров се: психолошко тестирање за личносни димензии и емоционална интелигенција, анализа на резултатите и развој на психо-социјални интервенции, обука на психолози за примена и интерпретација на тестовите и изработка на прирачник за следење на напредокот на учениците.

– Проектот се реализира во четири општини и осум училишта, а Ѓорче Петров е една од првите општини што ја поддржува оваа иницијатива. Во Ѓорче, активностите ќе се спроведуваат во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ и ООУ „Јоаким Крчоски“, каде тим од стручни психолози ќе работи на јакнење на менталното здравје на учениците, информираше градоначалникот Александар Стојкоски и додаде:

– Ѓорче вложува во иднината! Продолжуваме да создаваме подобри услови за нашите ученици, затоа што менталното здравје е клучно за нивниот успех!

Можете да прочитате

„Скопје 2028“ ќе потроши 21 милион евра – парите ќе се трошат „во четири очи“, без јавни набавки

Општина Кисела Вода субвенционира набавка на пелети и печки на пелети

Левица: Ѓорѓиевски и Цветковски преку фондација „Скопје – европска престолнина на културата” го претвараат во приватен проект