Утрински Весник
Македонија

Општина Кисела Вода го чисти коритото на Мала Рада

Општина Кисела Вода го чисти коритото на Мала Рада

Се чисти коритото на реката Мала Рада во селото Драчево, во должина од околу половина километар. Во изминатиот период фирмата ангажирана од Општина Кисела Вода интензивно работи со механизација на овој потег, кој беше запоставен години наназад, информираат од општината.

dobivaj vesti na viber

„Огромни количини на нарасната вегетација и тиња, но и шут, кабаст и комунален отпад оставен од несовесни граѓани завршија на депонијата во Дрисла. Грижата за животната средина и понатаму останува да биде во фокусот на Општина Кисела Вода, што резултира со бројни вакви и слични акции за чистење и расчистување. Сепак, како локална самоуправа сакаме повторно да апелираме до граѓаните кои треба да покажат свест и совест и да ја сочуваат средината во која живеат“, додаваат од таму.

Појаснуваат дека покрај превенирањето на загадувањето во еколошка смисла, потребно е да се разбере и дека отпадот кој завршува во коритото на Мала Рада, може да влијае врз намалување на пропусната моќ на оваа река, што пак може да доведе до нејзино излевање во случај на обилни врнежи.

Можете да прочитате

Арсовска до Николовски: Откако цела држава виде дека имаш надлежност да рушиш дивоградби, почни со тие што се реална закана

„ДУИ ги остави пожарникарите на немилост, вработуваме 400 пожарникари и градиме функционален систем за противпожарна заштита“, велат од „Влен“

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата