Утрински Весник
Македонија

МВР: Нема промена на командирот на ГП Ќафасан, ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги

МВР: Нема промена на командирот на ГП Ќафасан, ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги

Министерството за внатрешни работи ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека за командир на граничниот премин Ќафасан е поставено лице кое отслужило затворска казна за криумчарење.

dobivaj vesti na viber

„ МВР најостро ја демантира лагата пласирана денеска од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека наводно за командир на граничен премин Ќафасан пред три месеци било поставено лице со отслужена затворска казна за криумчарење.

Станува збор за класична лага пласирана од оваа партија. Нема никаква промена на командирот на ГП Ќафасан! Напротив, подолг период командир на ГП Ќафасан е Ј.Б., професионалец со одлични резултати во работењето. Апелираме да ВМРО-ДПМНЕ да престане да ги лаже граѓаните“ велат пд МВР.

Можете да прочитате

Почина професорот и дипломат Јован Донев

Нестабилно попладне во Македонија: Пороен дожд и грмежи во повеќе региони

Барутана без важечки ДУП – жителите бараат основни услови за живот, новиот план носи 33% помалку градба