Утрински Весник
Скопје

Општина Карпош вложува во модернизација на јавниот простор

Image 2026 06 22 093005084.png

Општина Карпош започна со реализација на активности за унапредување на јавниот простор, поттикнување на рекреативни содржини и создавање места за дружење и активен живот на граѓаните. Како дел од овие активности, поставени се пет нови шах маси со две седишта кои овозможуваат истовремено користење од двајца играчи. Со оваа иницијатива, јавните површини во Карпош добиваат содржина која ги обединува генерациите и го поттикнува развојот на интелектуалните и социјалните вештини.

Шах масите се поставени на пет локации низ општината: УЗ Влае – плоштад „Делфина“, УЗ „Пецо Божиновски Кочо“ – кај бродчето, УЗ „Кузман Јосифовски Питу“ – кај споменикот, плато кај Млечен и Карпош 3 – кај фонтаната.


Проектот во наредиот период ќе продолжи да се реалиизра и во останатите урбани заедници, со цел што повеќе жители ќе добијат можност да уживаат во оваа древна интелектуална игра и квалитетно поминато време во своето маало.

Средствата за реализација на активноста се обезбедени преку Годишната Програма за спорт на Општина Карпош, а реализатор на проектот е компанијата Мегаспорт од Скопје. Општина Карпош останува посветена на создавање современа, функционална и достапна средина за сите граѓани, со содржини кои придонесуваат за подобар квалитет на живот и посилна локална заедница.        

Можете да прочитате

Заедничка соработка за зајакнување на предучилишното образование во Карпош

Улицата „8 Март” во Дебар Маало добива мини пјацета со ново зеленило, инклузивен пристап и урбана опрема

„Кармина Бурана“ на филхармониите од Скопје, Софија и Солун вечер во Градскиот парк