Утрински Весник
Скопје

Општина Илинден почнува со реконструкција на спортско игралиште во Кадино

5.jpeg

Општина Илинден постојано работи на реконструкција и урбанизација на сите населени места со цел задоволување на потребите на сите граѓани. Деновиве е започната реконструкција на спортско игралиште во населеното место Кадино, поточно во дворот на основното училиште „Ристо Крле“. Со оваа реконструкција е предвидено поставување на нова заштитна ограда, осветлување со нови столбови и рефлектори, како и изработка на подна бетонска плоча. На ова спортско игралиште ќе бидат санирани головите и ќе бидат поставени нови табли за кошарка, со што истото ќе може да се користи за повеќе спортови.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид на игралиштето и истакна дека освен во просторното уредување и реконструкција, ова повеќенаменско спортско игралиште е од особена важност за релаксација и рекреација на жителите на општината. Градоначалникот додаде дека овој спортско-рекреативен терен, со својата разноврсност ќе им овозможи на сите жители да уживаат во играта, спортот и забавата.


Оваа реконструкција на веќе постоечки спортски игралишта и изградбата на нови, претставуваат континуитет на успешните проекти на Општина Илинден за урбанизација и уредување на сите населени места во општината. Во наредниот период ќе бидат изградени нови и реконструирани постојните игралишта и во останатите населени места.

Можете да прочитате

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град

Во недела 14. издание на Авицена женска трка

Герасимовски: Бесплатни здравствени консултации  во Центар на 6 април, го одбележуваме Светскиот ден на здравјето