Утрински Весник
Скопје

Општина Центар се вклучува во помош за екипите што интервенираат за гаснење на пожарите

Whatsapp Image 2024 07 31 At 13.51.18 67a65620.jpg

Помош во ресурси и поддршка за справување со пожарите што беснеат на територијата на целата држава беа темите на денешниот итен координативен состанок на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и општинскиот Штаб за заштита и спасување одржан заедно со претставник на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Општина Центар и градоначалникот Герасимовски активно ќе се вклучат со своите расположливи капацитети за одговор на катастрофата.

На координативниот состанок беше нагласено дека состојбата на терен е алармантна, за што Општина Центар во насока на ублажување на последиците и помош за спасувачките екипи и доброволците на терен ќе обезбеди помош преку донации на вода и освежителни пијалаци.

„Општина Центар веднаш стапи во контакт со неколку општествено одговорни компании кои веднаш понудија помош во вода и пијалаци и нивен транспорт до местата каде што се наоѓаат екипите кои интервенираат на пожарите”, истакна Герасимовски на состанокот.

Општина Центар упатува апел до сите граѓани совесно и одговорно да се однесуваат во природа и за време на претстојните празници, за кога нè очекува исто така многу топло време, и да избегнуваат правење на скара и палење на оган на отворено.

Можете да прочитате

Последен ден од акцијата на ЈП Водовод за отплата на долговите без пресметка на камата

Пожар избувна на тераса од стан во скопски Аеродром (ВИДЕО)

(Видео) Дива депонија среде Ченто