Утрински Весник
Скопје

Општина Центар: Јавниот повик за користење атрактивни локации за подвижни направи е се уште активен, побрзајте!

WhatsApp Image 2024 03 07 at 08.51.07 673451fa.jpg

Општина Центар ги потсетува граѓаните дека се уште е активен јавниот повик за користење локации за поставување подвижни објекти и апарати на подрачјето на општината. 

Подвижните направи за продажба на сладоледи, пијалаци, пуканки, крофни, палачинки и други производи, ќе може да се поставуваат на 14 атрактивни и фреквентни локации во Центар. На Сквер Јадран, пред  Македонска опера и балет, Паркот на Франкофонија, кај Порта Македонија, кај Паркот жена борец, ГТЦ, пред административната зграда на Општината и кај Рекорд.

Целосната листа на сите локации со координати, заинтересираните може да ја најдат на општинската веб-страница.

Станува збор за специјализирани возила за улична продажба, со должина од 4 метри, висина до 3 метри, поставени на површина до 16 квадратни метри, во што влегува: подвижниот објект, подвижниот апарат или друга направа, манипулативниот простор и урбаната опрема (канта за отпадоци). 

Учесниците на повикот  треба да имаат регистрирано дејност во Централниот регистар. Должни се да поднесат потврда за исполнети технички услови за вршење на дејноста, опис и фотографија на подвижниот објект што ќе го користат и уплатница од 1.000.00 денари на сметка на Општина Центар. За поднесените барања ќе важи принципот „прв дојден – прв услужен“. Дополнително, откако ќе биде избран корисникот, треба да достави Решение за регистрација на мобилен објект издадено од Агенција за храна и ветеринарство.

Рокот за поднесување на пријавите е 30 дена од објавување на Јавниот повик (14.02.2024). Барањата се доставуваат во Архивата на Општина Центар, секој работен ден од  9 до 15 часот.

Субјектите што ќе добијат одобрение за поставување на објектите, ќе склучат договор на една година со Паркинзи на Општина Центар.

Повеќе детали на линкот https://www.centar.gov.mk/?p=19933

Можете да прочитате

Утре делови од Карпош ќе останат без струја

Лажна дојавата за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

Прекин во водоснабдувањето за корисниците на неколку улици во Скопје