Утрински Весник
Македонија

Општата болница во Кочани стави во функција хипербарна комора за рехабилитација на повредените од „Пулс“

20250430142415 big 730x400 31.webp.webp

Општата болница со проширена дејност – Кочани од денеска ја стави во функција хипербарната комора, што ја доби како донација, а во која соодветна здравствена помош за рехабилитација ќе добиваат повредените од трагичниот пожар во клубот „Пулс“.

Со терапијата во комората ќе се овозможи брза и успешна ревитализација на изгорениците, како и санирање на последиците од интоксикација на организмот по вдишувањето на штетните гасови од чадот во пожарот.


-Вкупно 27 повредени во „Пулс“ од денеска почнаа со рехабилитација во нашата болница. Заедно со нив медицинска нега за опоравување од повредите  добиваат уште 11 лица. Тие се распределени на одделнијата за неврологија, хирургија и физикална терапија. Здравствената состојба им е стабилна, информираа од Општа болница – Кочани.

Санирањето на повредите од пожарот ќе трае подолг период, но со користењето на хипербарната комора се очекува времето за рехабилитација значително да се скрати. Според експертите, користењето на комората во период од еден час, заменува престој во планина во период од 7 до 10 дена.

Можете да прочитате

Трипуновски: Секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара 

Трипуновски од Росоман: Земјоделците ги креираат идните политики во земјоделскиот сектор 

Шерифовиќ објави албум со детски песни една му посвети на нејзиниот син