Утрински Весник
Свет

Опозиционерот Лапид го повика премиерот Нетанјаху да го послуша Бајден за договорот за заложници во Газа и му понуди поддршка

20240601150951 Big 730x400 80.webp.webp

Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид го повика премиерот Бенјамин Нетанјаху да го послуша повикот на американскиот претседател Џо Бајден за примирје во Појасот Газа, според кое Хамас ќе ги ослободи заложниците, јавија британските медиуми.

Лапид, исто така, понуди дека ќе ја поддржи владата доколку екстремно десничарските коалициски партнери на Нетанјаху ја напуштат владата во знак на протест поради можниот договор за заложниците и прекин на непријателствата во палестинската енклава.

„Владата на Израел не може да го игнорира важниот говор на претседателот Бајден. Има договор на маса и тоа мора да се направи“, напиша Лапид на социјалната мрежа „Х“.

„Го потсетувам Нетанјаху дека во нас може да смета на гарантот за постигнување договор за ослободување на заложниците во случај екстремно десничарските лидери (Итамар) Бен-Гвир и (Бетзалел) Смотрич да ја напуштат владата“, додаде тој.

Можете да прочитате

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж