Утрински Весник
Спорт

ФИФА размислува да ги намали тимовите во топ лигите за да го зачува форматот на Светското клупско првенство

20240601093958 Big 730x400 98.webp.webp

ФИФА размислува да наметне ново правило и да го намали бројот на тимови во светските елитни лиги на 18 екипи, а со тоа да им го олесни обемот на работа на фудбалерите, пишува весникот „Сан“.

Но, со оваа идеја од светската фудбалска централа сакаат да го намалат се` поголемото незадоволство од се` поголемиот обем на работа во фудбалот, но и од себичната цел да се зачува веќе најавениот нов формат на Светското клупско првенство со 32 репрезентации, кој треба да започне следното лето, според англиското издание.

Токму овој нов турнир стана „јаболко на раздорот“ во последните денови, а претставниците од Премиер лигата, Ла Лига и синдикатите на играчи повикаа на некаква промена, а исто така се заканија и со бојкот доколку не се послуша нивната загриженост.

-Сите ние мислиме дека на крајот целта на ФИФА е да ги натера лигите да го намалат бројот на тимови на 18. Така, од 38 натпревари во лигата играчите ќе паднат на 34. Големиот притисок на домашната сцена и лигите треба да доведе до тоа да ги намалат своите состави од 20 на 18. Ова ќе има влијание врз играчите кои играат на меѓународно ниво, изјавил извор на „Сан“.

Ваквата одлука на светската фудбалска централа може да има исклучително сериозно влијание, особено на најголемите европски лиги како Ла Лига и Премиер лигата, каде во елитните дивизии има уште 20 екипи, а бројот на натпревари директно влијае на парите од телевизиските права. Во италијанската Серија „А“, неколку пати претставници на водечките екипи веќе изразија желба за ваква корекција и намалување на тимовите.

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл