Утрински Весник
Свет

Опасна бактерија усмрти четири лица во Хрватска

Опасна бактерија усмрти четири лица во Хрватска

Инвазивната бактериска стрептококна инфекција е многу сериозна болест, доказ за тоа се четирите смртни случаи од 15 што се разболеле, вели д-р Ивана Павиќ-Шиметин, заменик-директор на Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ).

dobivaj vesti na viber

Тие биле на возраст од 35 до 65 години и претходно биле целосно здрави.

Двајца починале во првите 24 часа по приемот во болница. Две деца на училишна возраст се меѓу 15-те случаи на инвазивни стрептококи. Четворицата починати не живееле во исти области, дознава „24часа.хр“.

„Меѓу тие шест илјади има 15 што имаат тешка компликација на основната болест, чија смртност е многу висока. Бактеријата не останува во грлото или на кожата, туку може да ги нападне менингите и да предизвика менингитис или да влезе во крвотокот предизвикувајќи сепса, која потоа ги зафаќа сите органи“, објаснува Павиќ Шиметин за „24часа.хр“.

„Страшно, навистина страшно. Двајца од четворицата починале во рок од 24 часа по примањето во болница. Стрептококите многу бргу се развиваат во сериозна болест. За среќа, огромното мнозинство од заразените останува со ангина или шарлах, кои исто така не се благи заболувања. Секој што ги имал знае колку се тешки“, вели докторката.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња