Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Одлично напредува изградбата на градинката „Пролет“, 40 отсто од градежните работи се готови

Герасимовски: Одлично напредува изградбата на градинката „Пролет“, 40 отсто од градежните работи се готови
Ss2

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните работи на градинката „Пролет“, која е прва градинка во истоимената населба и прва градинка по цели 50 години во општина Центар. Се информира за текот на градежните зафати и за напредокот на самата градба.

dobivaj vesti na viber

„Одлично се одвива динамиката за изградба на најмодерната градинка во општина Центар, градинката ‘Пролет’. Со градежни работи почнавме во јули минатата година и градбата напредува, во моментот околу 40 % од градежните зафати се готови. Градинката ‘Пролет“ ќе се простира на површина од 3.276 квадратни метри, ќе биде на две нивоа со капацитет за згрижување 150 деца во 9 занимални. Ќе располага со лифт и надворешно игралиште до кое може да пристапат и деца со попреченост во движењето, атриум, просторија за лекар со изолација за дете и сопствена кујна со трпезарија за свежо приготвена и здрава храна за дечињата“, посочи Герасимовски.

Ss1

Изградбата на градинката е целосно финансирана од Општина Центар и ќе чини околу 2,5 милиона евра. Со изградбата на оваа градинка, која е единствена во населбата Пролет, Општина Центар решава огромен неколкудецениски проблем за родителите што децата на згрижување ги носат во соседните населби. Изградбата на градинката е целосно финансирана од Општина Центар и ќе чини околу 2,5 милиона евра.

Општина Центар останува посветена и фокусирана во реализирање проекти за сите граѓани вклучувајќи ги и најмладите.

Ss1

Можете да прочитате

ЕУ одвои 13,79 милиони евра за прекуграничен одржлив развој во С.Македонија и Албанија

„Правината се танчи, ама не се кинит” – нов мурал во Прилеп во рамки на “Цртај на македонски”

МЕТЕО НАЈАВА: ПРВИ И ЗА ВТОРИ МАЈ, КАКО И ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ЛОКАЛНИ ВРНЕЖИ, ГРМЕЖИ И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР