Утрински Весник
Спорт

Јончевски: Наметнавме наш ритам и ја стопиравме Норвешка

Јончевски: Наметнавме наш ритам и ја стопиравме Норвешка

Кошаркарската репрезентација на Македонија оствари важен триумф над Норвешка (58:36) во претквалификациите за Европското првенство. Селекторот Александар Јончевски е задоволен од триумфот.

dobivaj vesti na viber

„Добро се подготвивме за овој дуел со Норвешка, имавме контрола од почетокот и наметнавме ритам што ни одговара. Ја стопиравме нивната транзиција, од каде што најчесто постигнуваа поени против Словачка и Данска. Видовте, не постигнаа ниту една тројка од 21 обид. Тоа е заслуга на целиот тим и енергијата која ја внесовме. Треба да се напомене дека заслугата е на кошаркарите, иако во најавата премногу внимание му се даде на Шортс. Задоволен сум од него, го одигра тоа што го очекувавме и се надевавме“, изјави селекторот Јончевски.

Македонија в недела ја очекува дуел против Данска.

„Очекуваме сличен натпревар и против Данска. Не треба да не залажува нашата победа на гости. Треба да останеме максимално концентрирани“, порача Јончевски.

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД