Утрински Весник
Свет

ОН се загрижени поради десетици случаи на колера по поплавите во Кенија

20240508133741 Big 730x400 59.webp.webp

Обединетите нации денеска изразија загриженост откако беа пријавени неколку десетици случаи на колера во Кенија, која е погодена од поплавите.

Според Светската здравствена организација (СЗО), 44 случаи на колера има во една од најпогодените области од поплавите, во областа на реката Тана во источна Кенија.

„Верувам дека со тамошната влада и со националните и меѓународните партнери ќе успееме да ја совладаме болеста“, рече координаторот на ОН во Кенија, Стивен Џексон и посочи дека колерата секогаш предизвикува голема загриженост.

Колерата е акутна цревна инфекција која се шири преку контаминирана храна и вода и предизвикува тешка дијареа, повраќање и грчеви во мускулите. Оваа болест е особено опасна за малите деца.

Според последните официјални податоци, во поплавите во Кенија загинале 238 лица, додека повеќе од 200.000 луѓе останале без покрив над главата. 

Можете да прочитате

Голем руски напад врз Украина со 300 дронови и 50 ракети

Унгарија најави дека утре ќе го блокира новиот пакет санкции на ЕУ кон Русија

Студентите во Иран излегоа на нови протести