Утрински Весник
Балкан

Хрватска: Пленковиќ договори формирање влада со десничарското Татковинско движење

Plenkovi .webp.webp
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ) денеска постигна договор со десничарското Татковинско движење за формирање на ново парламентарно мнозинство и идна влада, која повторно ќе ја предводи претседателот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ.

„Предлогот за постигнатиот договор, заедно со распределбата на ресорите на идната влада, во текот на денешниот ден ќе биде претставен пред партиските органи и потоа ќе ја информираме јавноста за сите детали“, изјави владиниот портпарол Марко Милиќ од ХДЗ, по средбата на преговарачките тимови на двете страни.

Screenshot

Тој изјави дека по потврдата од партиските тела ќе се започне со собирање потписи за претседателот на ХДЗ Андреј Пленковиќ да го добие мандатот за формирање на идната влада на ХДЗ, Татковинското движење и партнерите.

Пленковиќ, како што беше најавено претходно, ќе го поддржат и дел од претставниците на националните малцинства, за да ги обезбеди неопходните 76 гласа во парламентот.

Засега не е познато кои пратеници од малцинствата ќе бидат дел од владата, но претходно беше најавено дека во неа нема да учествуваат тројцата пратеници од српското национално малцинство од Самостојната демократска српска партија (СДСС), која досега беше дел од владата на Пленковиќ и имаше свој потпретседател на Влада.

Татковинското движење, како услов за поддршката за ХДЗ побара СДСС да не биде  дел од парламентарното мнозинство или од идната влада.

На парламентарните избори во Хрватска на 17 април ниту една партија не освои доволно мандати самостојно да формира парламентарно мнозинство и влада. 

Можете да прочитате

Вучиќ: Ќе бараме резолуција за страдањата на Србите од Германците во Втората светска војна и од усташите во Јасеновац

Додик: Односите меѓу Бања Лука и Сараево можеби се на најлошо ниво

Мисијата на Србија во ОН апелира да се повлече текстот на резолуцијата за Сребреница