Утрински Весник
Спорт

Џон Карју осуден на затворска казна

Џон Карју осуден на затворска казна

Легендарниот норвешки напаѓач Џон Карју ќе оди на робија. Поранешниот напаѓач на Астон Вила, Валенсија, Рома, Бешикташ, Лион, Стоук и Вест Хем е осуден на 14 месеци затвор поради затајување данок во својата земја.

dobivaj vesti na viber

Карју, кој 91 пат го носеше дресот на норвешката репрезентација, тврди дека за сето тоа е виновен неговиот поранешен менаџер Пер Флод. Менаџерот го советувал да не ги пријавува приходите и довките кои ги стекнал надвор од државата.

„Слепо му верував. Бев убеден дека е во право. Ме контролираше како марионета. Знам дека тоа е неодговорно од моја страна, но така е како што е”, изјавил 43.годишниот Карју, чија богата кариера траеше 15 години.

Обвинителите сметаа дека „Карју имал доволно можности да ги исправи податоците кои им ги дал на властите, но не го сторил тоа“, па тоа беше земено како отежителна околност за поранешниот фудбалер.

Покрај затворската казна, Карју ќе треба да плати и 540.000 норвешки круни, што е околу 50.000 евра парична казна, а сумата за која ја оштетил државата Норвешка е околу 500.000 евра.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија