Утрински Весник
Свет

ОН: Хуманитарната ситуација на југот во Украина е страшна и критична

ОН: Хуманитарната ситуација на југот во Украина е страшна и критична

Ситуацијата во Херсон и Миколаев, градови на југот на Украина, е „страшна и критична“, а само во Миколаев речиси четвртина милион луѓе се соочуваат со недостиг на вода, струја и греење, предупредија денеска Обединетите нации.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на ОН Стефан Дизарик изјави дека координаторката на ОН за хуманитарна помош Дениз Браун ги посетила двата града во јужна Украина во текот на викендот и поднела извештај што укажува дека луѓето кои бегаат од Херсон се упатуваат кон Николаев, објави Си-Ен-Ен.

Во Николаев беа формирани топлински станици за да им помогнат на луѓето кои не можат да ги загреат своите домови, а според Дижарик, хуманитарците обезбедиле храна и генератори за да ги направат овие места функционални.

„ Очекуваме дека, со поддршка на властите, во Херсон ќе можеме да ги покриеме основните потреби на оние што останаа во градот, под услов да успееме и да го одржиме нивото на помош што пристигнува во изминатите две недели. Но, состојбата со водоснабдувањето, парното и електричната енергија се уште е тешка, иако снабдувањето со електрична енергија постепено се подобрува – рече Дижарик.

Донаторите обезбедија 3,1 милијарда долари хуманитарна помош оваа година, која се дистрибуира преку ОН, но Дижарик истакна дека е важно да се продолжи со финансирањето, особено во зимските месеци.

Можете да прочитате

Нетанјаху одобри нова рунда преговори за примирје во Газа

Бројот на загинати во израелските воздушни напади над Сирија достигна 42

Нетанјаху не прифатил предлогот од шефот на Мосад за договор во Газа