Утрински Весник
Свет

ОН: Гутереш повика на целосна и транспарентна истрага за смртта на Навални

Un.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш повика на целосна и транспарентна истрага за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, рече портпаролот на ОН, Стефан Дижарик на брифинг со новинарите.

„Генералниот секретар на ОН е шокиран од веста за смртта на опозиционерот Алексеј Навални во руски затвор. Генералниот секретар изразува сочувство до семејството на г-дин Навални и повикува на целосна, веродостојна и транспарентна истрага за околностите на неговата смрт во затвор“, рече Дижарик.

Федералниот оддел на казнено-поправната служба на автономниот округ Јамало-Ненецки вчера соопшти дека Навални (47) починал во казнената колонија каде што ја отслужуваше казната.

Според наводите на тој оддел, Навални по прошетка се чувствувал лошо и се онесвестил, медицинските службеници веднаш притрчале на помош на осуденикот и почнале со реанимација која траела повеќе од половина час.

Можете да прочитате

Кинеската армија започна воена вежба околу Тајван

16 загинати во дом за стари лица во Индонезија

ЕДНО ПРАШАЊЕ ОСТАНА НЕРЕШЕНО: Трамп и Зеленски блиску до договор за Украина