Утрински Весник
Свет

ОН: Гутереш повика на целосна и транспарентна истрага за смртта на Навални

UN.webp.webp

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш повика на целосна и транспарентна истрага за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, рече портпаролот на ОН, Стефан Дижарик на брифинг со новинарите.

„Генералниот секретар на ОН е шокиран од веста за смртта на опозиционерот Алексеј Навални во руски затвор. Генералниот секретар изразува сочувство до семејството на г-дин Навални и повикува на целосна, веродостојна и транспарентна истрага за околностите на неговата смрт во затвор“, рече Дижарик.

Федералниот оддел на казнено-поправната служба на автономниот округ Јамало-Ненецки вчера соопшти дека Навални (47) починал во казнената колонија каде што ја отслужуваше казната.

Според наводите на тој оддел, Навални по прошетка се чувствувал лошо и се онесвестил, медицинските службеници веднаш притрчале на помош на осуденикот и почнале со реанимација која траела повеќе од половина час.

Можете да прочитате

Четворица израелски војници убиени во Либан, министерот Бен-Гвир порача „целиот Либан треба да гори“

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ

Речиси сите патници од крузерот зафатен со хантавирус пуштени од карантин во Холандија