Утрински Весник
Македонија

Омилениот анкетар на ВМРО-ДПМНЕ стана главен анкетар на јавниот сервис

593fe70e 8946 4a8b B80c 02504e12bb1c.jpg

Првата програма на Националната телевизија на Македонија и политичката емисија Објектив ја збогатија програмата со предизборни политички анкети каде се мерат рејтинзите на политичките партии по изборна единица.

Па така во вчерашната емисија јавноста можеше да види резултати од анкета во првата изборна единица спроведена од Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС) а резултатите од неа ги толкуваше никој друг, туку човекот што ја има правено анкетата, односно Владимир Божиновски. 

Не е спорно еден медиум да нарачува истражувања на јавно мислење за сопствени потреби, но речиси никаде во земјите од регионот тоа не го прави јавниот телевизиски сервис. 

Она што е уште повеќе спорно е изборот на агнецијата што ги прави истражувањата, односно во случајот, тоа е агенција која отворено застапува ставови и работи по нарачки на главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. 

Сопственикот на агенцијата се спомнуваше и во таканаречените бомби што ги објавуваше тогаш опзоициската партија СДСМ каде јасно се гледа неговата поврзаност во ВМРО-ДПМНЕ. 

Дополнително, додека Владата ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ, во период од 2011 до 2017 година, ИПИС од три државни институции има добиено неверојатни 600.000 евра за истражувања на јавното мислење. 

Колку добил од македонскиот јавен сервис сега за сега не се знае. 

Во интерес на вистината 24инфо.мк испрати прашања до главниот уредник на првиот информативен сервис каде прашавме кога и по која методологија е правена посочената анкета и колку таа чинела, но оттаму до овој момент не добивме одговор. 

Јавниот сервис има поголема одговорност од останатите медиуми, меѓудругото и поради фактот што се финансира со пари од сите граѓани, па оттаму нејасен е мотивот оваа телевизија во очи на двојни избори на некој начин суптилно да „фаќа“ страна кон една политичка партија.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме