Утрински Весник
Македонија

ОМАЖ: ДУШКО ЧИФЛИГАНЕЦ (1993–2025) – 24info.mk

528323031 1179573370865342 5259106439191009581 n e1754400577790.jpg

На 3 август 2025, на 32 години, трагично го загубивме Душко Чифлиганец – заменик-претседател на Адора Бизнис Групацијата. Почина во спортска сообраќајна несреќа.

Душко беше визионер и лидер со јасна цел – раст, иновации и човечност. Под негово водство, Адора се прошири во енергетика, инвестиции, финансии и хотелиерство.


Дипломиран економист од American University in Dubai, кариерата ја почна со сопствена компанија за здрава исхрана.

Негов потпис носат проекти како:

  • Adora Flatiron Skopje (2017)
  • Diamond Garden by Adora (2018)
  • 21st Century Zlatibor Residence & Spa (2023)
  • Влез на Адора во енергетика (2021)

Во 2024 започна голем проект во Љубљана, Словенија, со цел проширување во Европа, но за жал – не успеа да го доврши.

Започна инвестициски фонд и остави трага на Вол Стрит преку Prime Capital by Adora, прва македонска компанија акредитирана од New York SEC.

Филантропски, преку партнерство со Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, помогна во отворање детска градинка кај Златибор.

Покрај деловниот успех, Душко беше и страстен спортист – добитник на бројни награди во мото спортот, вклучувајќи и европска титула, со што ја направи Македонија горда на меѓународната сцена.

Со своите зборови ќе остане запаметен:

„Пред сè, треба да бидеме луѓе.“

Душко беше добар човек, сакан син, брат, пријател и визионер.

Почивај во мир. Засекогаш ќе недостасуваш.

„Секоја ноќ бидете благодарни за тоа
што било, и секое утро за тоа што ќе биде.
Секој ден во кој се будиме здрави, е нова шанса
за љубов, среќа и животот што го посакуваме.
Добрата мисла, мирниот ум и спокојот, нека
Ве водат низ животот. Споделете ја љубовта
со луѓето кои ги сакате и бидете блиску до нив.
Верувајте во Бог, тој секогаш знае најдобро.
Амин.‟

– Душко Чифлиганец

Интегрално соопштение од Adora Business Group

Можете да прочитате

МВР апелира за фер и спортско навивање, а било какви навреди ќе бидат најстрого санкционирани

Започна дводневната обука на кандидатите за пожарникари – дел од нив наредната недела ќе бидат вклучени во гаснење на пожари со помал ризик

Јаневска: Ќе го решаваме проблемот со Сеизмолошката опсерваторија, тој е ургентен и многу значаен